Извршниот директор на компанијата за електрични автомобили Tesla Motors неодамна ги претстави соларните ќерамиди коишто според неговата визија би требало целосно да ги заменат конвенционалните црвени ќерамиди кои денес ги забележуваме на скоро секоја градба.

Покрај нивната способност на генерираат енергија, тие се разликуваат во однос на останатите ќерамиди по својата цена. Имено, и покрај тоа што станува збор за сосема нов пронајдок, како што најавија од компанијата, цената на соларните ќерамиди ќе биде значително поевтина од оние обичните. Така, потрошувачите нема да заштедат само на енергија, туку и на првичната инвестиција за да се добие таа енергија.

Тоа Маск го нарече дополнителен бонус за оние кои ќе се одлучат да ги инсталираат овие соларни плочки на своите кровови. Тие, не само што изгледаат естетски поубаво во однос на старите, туку и имаат способност да генерираат струја.

Според него, основното прашање кое секој човек треба да си го постави е едноставно, на тоа прашање следува и уште поедноставен одговор. “Дали сакате да купите ќерамиди кои изгледаат многу подобро, траат двојно повеќе и се многу поевтини од обичните ќерамиди“ е прашањето кое тој го постави.