Apple ги претстави новите, родово неутрални емотикони, како и оние кои прикажуваат луѓе со инвалидитет како дел од најновиот iOS софтвер.

Според една студија, 38 отсто од луѓето никогаш не користат емотикони, додека 29 отсто се служат со нив само повремено. Само 28 отсто од оние кои не се во врска редовно ги користат, 3 отсто користат најмалку еден емотикон во секоја порака, а 2,5 отсто ставаат повеќе од еден емотикон во секоја порака.

Корисниците сега ќе можат да изберат националност на секој карактер низ емотиконите “држење за раце”, додека капката крв е дизајнирана да претставува менструација, воведена по кампањите и борбите против стигматизирање на менструацијата.

Новите дизајни се дел од повеќе од 350 емотикони, одобрени претходно оваа година кои сега се достапни за корисниците на Apple.

Помеѓу нив сега, освен машки и женски верзии, има и родово неутрални емотикони, но и емотикони кои прикажуваат слушни апарати, инвалидска количка, простетички екстремитети и кучиња-водичи.

Корисниците на iPhone и iPad можат да дојдат до новите емотикони преку Settings – General и потоа Software Update пред да ја потврдат инсталацијата iOS 13.2.

Извор: Telegraf.rs