Google постојано експериментира со нови идеи за тоа како да ги подобри можностите на својот пребарувач. Технолошкиот гигант сега е подготвен и објавува ново ажурирање што ќе ги промени перформансите на своите алгоритми. Апдејтот се заснова на најновите иновации во технологијата „Natural Language Processing (NLP)“. Во случај се да оди според планот, Google очекува промената да опфати 10% од пребарувањата на Интернет. Самото ажурирање е резултат на повеќе од десет месеци развој.

Клучното подобрување што можеме да го очекуваме е поврзано со подоброто разбирање на контекстот на зборовите. Google вели дека промените ќе им овозможат подобро да ја детектираат и разберат врската меѓу нив за да ни дадат најдобри можни резултати. На овој начин, алгоритмите за пребарување на Google ќе можат да дадат приоритет на одредени зборови на штета на другите, за кои компанијата тврди дека ќе помогнат да се репродуцираат уште покорисни резултати од пребарувањето.

Името на новиот алгоритам е Bidirectional Encoder Representations from Transformers (BERT). Големата разлика е во тоа што за разлика од сегашниот систем, секој збор ќе се зема како една цел. Со текот на времето, BERT ќе стане подобар во анализирање и разбирање на барањата на клиентите. Овој алгоритам првично ќе се користи за сите барања на англиски јазик, но потоа ќе најде примена и на други јазици. Сите овие измени ќе го направат пребарувачот на Google уште подобар и побрз при пронаоѓање информации.