Ако во текот на возењето ви засветли црвената сјаличка за масло, тоа не значи само дека паднал притисокот на маслото во моторот, туку и дека треба веднаш да го запрете автомобилот и да го исклучите.
Оваа предупредувачка сјаличка не значи дека треба да се наполни масло во моторот во блиска иднина, предупредува Волфганг Сиглох од германската агенција за инспекција на возила.
Истото важи и за некои други црвени или жолти светла во автомобилот, како што е оној со симбол на термометар, кој предупредува за проблеми со ладењето на моторот. Возачите потоа требa да го запрат возилото и да се обидат да ја пронајдат причината за предупредувањето. Помошта можеби ќе ја најдете во упатството за возилото, или со повик до механичар односно производителот на автомобили. Ако е потребно секогаш е тука и влечната служба.