Германската апликација за следење на ширењето на коронавирусот е подготвена за лансирање, најави министерот за здравство од таа земја, Јенс Спан.

„Апликацијата ќе биде претставена оваа седмица“ – изјавил Спахн за ARD телевизијата, не сакајќи да ги потврди шпекулациите на медиумите, дека апликацијата ќе биде лансирана во вторник.

Германската влада вели дека апликацијата ќе биде клучен алат за да се избегне втор бран на пандемијата коронавирус.

„Апликацијата ја развија Deutsche Telekom и софтверската компанија SAP, користејќи блутут сигнали со краток домет за откривање на контактите на луѓето кои што се во ризик од инфекција коронавирус“.

Исто така и Италија минатата седмица лансираше слична апликација.

Со оглед на тоа што Германија денеска ги отвора границите со соседните држави, кои што беа затворени поради пандемијата на коронавирусот, Спан ги повика луѓето кои што сакаат да одат на одмор да бидат многу внимателни и им порачал да се запрашаат дали нивното патување е неопходно.

Инаку, Германија и покрај големиот број заразени државјани од коронавирус, бројот на починати луѓе е многу помал во споредба со останатите земји.