Како што и се очекуваше, Xiaomi го направи Mi 9T Pro достапен на пазарите во Европа. Телефонот претставува ребрендирана верзија на Redmi K20 Pro моделот, кој е веќе достапен во останатите делови на светот.

Mi 9T Pro ќе биде достапен преку официјалните продавници на Xiaomi во Европа, како и на Amazon. Почетната цена на смартфонот изнесува 399 евра (6GB + 64GB модел). Оние кои сакаат простор за складирање од 128 GB ќе мораат да издвојат 449 евра. Моментно во понудата се само црни и црвени модели.

Xiaomi Mi 9T Pro пристигнува со 6.39-инчен 1080 x 2340p AMOLED екран и Gorilla Glass 5 заштита, има три камери на задната страна (48MP главна, 8MP телефоот и 13MP ултраширока) и 20MP pop-up предна камера. Го покренува Snapdragon 855 чипсет, ќе им сензор за отпечатоци од прсти во екранот и 4000mAh батерија со 27W брзо полнење. Оперативниот систем е Android 9 Pie со MIUI 10 интерфејс.