Еден од вселенските бродови во следниот Star Wars филм „The Rise of Skywalker“ ќе има вистинско тркачко педигре. Поточно, Lucasfilms го ангажираше Porsche за да дизајнира вселенски брод кој ќе се појави во филмот.
Дизајнирањето на вселенски брод е целосно нов предизвик за Porsche. Меѓутоа, иако спортски автомобил и вселенски брод припаѓаат на целосно различни категории, суштински тие ја делат истата филозофија за дизајн. Впрочем, потпретседателот за дизајн во Porsche, Мајкл Мауер изјави дека соработката со Star Wars тимот е инспиративна и фасцинантна и дека е сигурен дека оваа соработка само им донела добро на двете компании. Ова значи дека можеби и новиот автомобил на Porsche ќе има hyperdrive со погон на четири тркала…
Шегата настрана, работата на филмот донесе ново свежо искуство кај дизајнерите на Porsche, што секако корисно ќе делува на нивната креативност во иднина. Каков ќе биде дизајнот засега добро се крие, а тоа ќе можеме да го видиме од 20 декември, за кога е закажама премиерата на филмот „The Rise of Skywalker“.
Ова е прв пат некој производител на автомобили да биде ангажиран во рамките на Star Wars франшизата, но ако се покаже успешно, ова може да биде почеток на нов тренд.