Основачот и извршен директор на Amazon, Џеф Безос ја загуби титулата најбогат човек во светот, а на негово место повторно дојде ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс. Акциите на Amazon паднаа за 7 проценти, со што богатството на Безос се намали на 103,9 милијарди американски долари.

Нов број еден е ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс, вреден 105,7 милијарди долари. Бил Гејтс дебитираше на првата листа на милијардери на Forbes во 1987 година со нето вредност од 1,25 милијарди долари.