Вакцината против Ковид-19, која ја развил Институтот за микробиологија при Кинеската академија на науки (IMCAS), добила зелено светло за итна употреба во Кина, соопштил институтот во понеделникот, со што таа земја ја добила и петтата вакцина која ги исполнува условите за одредена употреба.

Вакцината ZF2001, која е во доцната фаза на клинички испитувања со цел на регрутирање на 29.000 учесници ширум Кина, Узбекистан, Индонезија, Пакистан и Еквадор, е одобрена за употреба во Узбекистан на почетокот на овој месец, наведува Reuters.

Кинескиот закон за администрација на вакцините дозволува итна употреба на вакцина „во одреден обем и рок”, насред големата здравствена криза.

Меѓу четирите вакцини кои Кина ги одобрила за општа јавна употреба, три имале одобрение за вакцинација во вонредни ситуации од мал обем пред добивањето на дозволата за употреба во пошироката јавност, пренесува Reuters.

Во соопштението на IMCAS не е прецизирано кои групи ќе имаат пристап до вакцината.

Утврдено е дека вакцината, која заеднички ја развиле IMCAS и единицата за биолошки производи Chongqing Zhifei, е безбедна и предизвикала имунолошки одговор во раните и средните фази на тестовите на луѓе, се наведува во трудот објавен минатата година пред експертската рецензија.

Кина, која ги забрзува напорите за вакцинација на своето население против Ковид-19, досега употребила околу 65.000.000 дози.

Земјата допрва треба да ги одобри вакцините кои ги развиле странските компании.

Извор: Kurir.rs