Meizu 16T е официјално претставен во Кина. Со почетна цена од 1999 јуани (околу 282 американски долари), ова е најдостапниот телефон што користи Snapdragon 855 чипсет. Уредот има и други интересни карактеристики, како што се голем дисплеј, батерија со голем капацитет, три камери на задниот дел. Опремен е и со солидни гејминг можности.
Кога станува збор за спецификациите, Meizu 16T има 6,5-инчен S-AMOLED дисплеј со 18,6:9 однос на страници и Full HD+ резолуција од 1080 x 2232 пиксели. Во дисплејот е вграден Super mTouch сензор за отпечатоци, кој го отклучува уредот за само 0,2 секунди. Snapdragon 855 чипот работи со брзина од 2.84GHz, а доаѓа во комбинација со до 8 GB LPDDR4x RAM меморија и 128 GB или 256 GB UFS 3.0 простор за складирање.
На задниот дел од телефонот е систем со три камери, кој содржи главен сензор од 12MP Sony IMX362, ултра широк сензор од 8MP и сензор за длабочина од 5 MP. На предната страна е 16MP селфи сензор. За софтверската поддршка е задолжен Android 9 Pie со Flyme 7 UI интерфејс (со надградба на FlyI 8 UI во декември). Батеријата од 4500mAh поддржува брзо полнење од 18W.
Поврзани артикли