Кога Huawei во август го претстави својот оперативен систем HarmonyOS, почнаа да се шират гласини дека софтверот ќе се најде во идните телефони на кинескиот производител.
Меѓутоа, оттогаш до денес се претставени нови модели од Mate 30 серијата, кои доаѓаат во AOSP (Android Open Source Project) изданието на Anrdroid, а на кои забележливо ги нема сите останати услуги на Google (GMS – Google Mobile Services).
Претседателот на Глобалното одделение за медиуми и комуникации на Huawei, Џој Тан потврди дека компанијата и во блиска иднина ќе продолжи да се потпира на Android, кога се нејзините смартфони во прашање.
Преминувањето кон нов оперативен систем би барал неколку години работа, но исто така доста би влијаел и на довербата на корисниците.
Бидејќи голем број корисници на уредите на Huawei се „зависни“ од Google Mobile Services апликациите, кинескиот технолошки гигант планира да ги фокусира своите ресурси на понатамошно проширување на своите сопствени услуги, преку Huawei Mobile Services, кои би требало да служат како замена за GMS.
Без силен екосистем на апликации, Huawei нема да може да им понуди на корисниците „одржлив избор“ на глобалниот пазар, заклучува GSM Arena.
Од друга страна, да се привлече доволно голема заедница програмери не е ни малку едноставна задача, но тоа секако би претставувало логичен потег за Huawei во овој момент.
Поврзани артикли