Гласините сугерираат дека iPhone SE 2 ќе пристигне во текот на првиот квартал на 2020. година. Телефонот ќе имплементира модернизиран хардвер, како што се A13 Bionic чипсет и 3 GB RAM меморија, во куќиште на iPhone 8. Познатиот аналитичар на Apple, Минг-Чи Куо сега објави дека телефонот ќе има антена со течен кристален полимер (LCP) за подобрена конекција.
LCP е флексибилен органски материјал кој бележи ниско ширење на топлината и минимално губење на фреквенцијата, што го прави одлична компонента за безжични антени. Исто така, LCP има погуста изработка и многу e отпорен на греење.
Во минатото, материјалот се користеше за конструкција на широк спектар на производи, од автомобилски сензори до драјвери за звучници и кабли со оптички влакна. Според наводите на Куп, јапонската компанија Murata Manufacturing ќе ги обезбедува новите LCP антени за Apple.
Се очекува дека iPhone SE 2 се очекува да има почетна цена од 399 долари за моделот 64 GB и ќе биде достапен во сива, сребрена и црвена боја. Раните предвидувања сугерираат дека Apple ќе испорача до 30 милиони вакви телефони до крајот на 2020 година.