Оперативните системи Android и iOS имаат опција да го вклучуваат темниот режим и секој ден има поголем број апликации со овој режим. Најновиот тест на темниот режим на iPhone се покажа како одличен.
Покрај естетиката, предност на Dark mode eе и продолжувањето на траењето на батеријата. PhoneBuff објави тестирање, на крајот заклучувајќи дека траењето на батеријата може да се продолжи до 30 проценти.
За време на тестот, идентични активности беа извршени на iPhone XS Max користејќи апликации како Twitter, YouTube и др. Најпрвин уредот се користеше во светол режим, а потоа и во темен мод.
Резултатите беа спектакуларни. Кога батеријата на iPhone во светол режим беше целосно испразнета, батеријата на iPhone со активиран Dark Mode беше на дури 30 проценти, што му дава на корисникот повеќе време за извршување на важни задачи. За споредба, батеријата на iPhone XS Max овозможува 15 часа гледање на видео, додека батеријата на iPhone 11 Pro нуди до 20 часа, што претставува зголемување од 33 проценти.
Сепак, работите не се толку едноставни. Осветленоста на екранот кај тестните смартфони беше поставена на 200 нита, така што може да добиете различни резултати ако ги промените поставките. Покрај тоа, во текот на тестот, неколку часа беше користена една апликација.
Исто така, само паметните телефони со OLED дисплеи покажуваат заштеда на батеријата, односно зголемување на животниот век на батеријата, бидејќи овие екрани трошат помалку енергија кога се темни. Смартфон со LCD екран, како iPhone 11 или iPhone XR, веројатно нема да има корист од ова.
Сепак, овие резултати треба да ги мотивираат корисниците барем да го испробаат темниот режим на мобилните телефони со OLED-екрани. Доколку се навикнат, батеријата ќе им трае подолго, а популарните апликации веројатно побрзо ќе добијат Dark mode.
Поврзани артикли