Руската морнарица соопшти дека во текот на неодамнешните експедиции откриени се пет нови острови кои претходно не постоеле, а се настанати по топење на глечери.
„Истражувачите во текот на експедиции на картите нацртале острови кои се уште не се именувани и кои претходно биле сокриени под глечерите“, вели адмиралот Александар Моисејев.
Според минатомесечниот извештај на ОН за глобалното затоплување, Арктикот во период од 2015 година до 2019 година изгубил многу повеќе лед за разлика од кој бил петгодишен период од почетокот на мерењето.