Американската вселенска агенција НАСА се фокусира за испраќање луѓе на Месечината. Но, за да преживеат астронаутите потребно е да се искористат сите ресурси што ќе ги пронајдат. Што планираат да направат од месечевата прашина?

Се врати интересот на НАСА за Месечината, научниците се сигурни дека под површината се наоѓа замрзната вода. Присуството на мраз е потврдено уште во 2008 година. Водата е клучна и важна, астронаутите кои би престојувале на Месечината би можеле да ги користат тие извори за пиење, капење, одгледување билки и слично. Водата може да се разложи на водород и кислород и да се направи ракетно гориво за возила кои би патувале на површината на Месечината.

Но, што би правеле астронаутите со месечевата прашина? Научниците засега ја гледаат како дел од градежен материјал. Со помош на симулација засега успеаја да ја претворат во материјал за 3D принтање. НАСА би можела да испрати роботи копачи и 3D принтери кои би се користеле за производство на тоа што им е потребно на астронаутите за живот на Месечината, од алати преку мебел до објекти во кои би живееле.

Еве како би изгледала изградбата на база на Месечината:

Извор: Klix.ba