Можеби звучи како вест од минатиот век, но не е – Американците одлучија дека повеќе нема да лансираат нуклеарни ракети од флопи дискови, популарни дискети!
Пред пет години, во 2014 година, во јавност излезе дека американската војска користела 8-инчни флопи дискови на прастар компјутер од 1970-те години од минатиот век, за од претседателот да прими наредби за лансирање на нуклеарен систем. Сега американската армија објави дека ги заменила дискетите со „многу сигурно и безбедно решение за дигитално складирање“, изјави полковникот Џејсон Роси за за c4isrnet.com.
Складирањето се врши во старомоден систем наречен Strategic Automated Command and Control System, или скратено SACCS (систем за рано предупредување од нуклеарни напади). Американските нуклеарни сили го користат за испраќање на пораки за одговор за итни акции од командните центри до теренските сили, а не може да се изврши хакирање, затоа што е создаден долг период пред да постои интернетот. „Не можете да пробиете нешто што нема IP адреса. Тоа е многу уникатен систем – тој е стар и многу е добар“, рече Роси.
Министерството за одбрана планира да го замени стариот IBM Series/1 SACCS компјутер и „да ги ажурира неговите решенија за складирање податоци, процесорите за проширување на портови, преносните терминали и десктоп терминали до крајот на фискалната 2017 година“, беше истакнато во 2016 година. Воздухопловните сили не открија дали проектот е завршен, но истакано е дека ја подобриле брзината и поврзаноста на SACCS.