Huawei во јуни ја претстави серијата Nova 5, а на линијата за еден месец и се придружи Nova 5i Pro моделот. Сега е претставен нов телефон во Кина – Huawei Nova 5z, што во суштина е Nova 5i Pro со нови комбинации на меморија.

Новиот 5z го користи чипсетот Kirin 810, во комбинација со 6 GB RAM меморија. Просторот за складирање може да има капацитет од 64 GB и 128 GB, но само првата опција е целосно нова за уредот. Сè друго, од екранот до капацитетот на батеријата е непроменет во однос на Nova 5i Pro.

Дисплејот е LCD со големина од 6,26 инчи, а на него има punch-hole отвор за 32MP камера. Системот камери на задната страна го сочинуваат главната од 48MP, широкоаголната камера од 8MP и макро сензорот од 2 MP. Батеријата има капацитет од 4000mAh, со поддршка за полнење од 20W.

Телефонот го користи интерфејсот EMUI 9.1, базиран на Android Pie, со многу хардверски додатоци – AI за перформанси на камерата, GPU Turbo за гејминг и друго.

Huawei Nova 5z пристигнува соод околу 200 и 225 евра за моделите со 64 GB и 128 GB простор за складирање, во црна, Aurora и Emerald Green варијанти. Останува да се види дали телефонот ќе остане ексклузива за кинескиот пазар или ќе се појави и на другите пазари.