Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува Би-Би-Си.

Би-Би-Си пишува дека тоа е и победа и разочарување, имајќи предвид дека вакцините на компаниите Фајзер и Модерна се 95 проценти ефикасни.

Сепак, според Би-Би-Си, во споредба со двете погоре, вакцината од Оксфорд е многу поевтина и полесна за складирање и доставување до кој било дел од светот.

Истражувачите од Оксфорд ја развиваат вакцината околу 10 месеци, а британската влада порача 100 милиони дози, што ќе биде доволно за вакцинирање на 50 милиони луѓе.

Во тестирањето беа вклучени 20.000 волонтери, од Велика Британија и Бразил.

Вакцината мора да биде одобрена од регулаторните тела пред испораката, а се очекува тоа да се случи во наредните недели, пишува Би-Би-Си.