Веќе некое време кружат гласини дека Apple можеби подготвува нов, 16-инчен MacBook Pro. Останува да се види дали тоа ќе се оствари, а во меѓувреме се откриени фотографии во бета верзијата на macOS Catalina 10.15.1, кои укажуваат на постоење на споменатиот лаптоп.

На една од овие фотографии е прикажан лаптоп кој многу наликува на 15-инчниот MacBook Pro. Како и да е, името на фајлот го споменува бројот „16“, што укажува на можноста дека во прашање е 16-инчниот лаптоп за кој се шпекулира веќе некое време. Дури и споменатите гласини сугерираат дека новиот лаптоп ќе изгледа како модел од 15 инчи, но со помали рамки, што го сугерира и споредбата на двата модела на долната фотографија.

Засега не е познато кога ќе биде претставен новиот 16-инчен MacBook Pro, но гласините од порано сугерираат дека се очекува во текот на оваа година, со нов дизајн на тастатурата. Од друга страна, новите гласини споменуваат дека лаптопот ќе пристигне следната година.

Се очекува дела Apple до крајот на октомври ќе претстави и нови AirPods слушалки, а останува да се види дали во овој период ќе се појави и нов MacBook Pro.