Кога НАСА ќе ги испрати своите астронаути на Месечината, меѓу нив ќе се најде и астронаутка, која ќе стане првата жена што стигнала до ова небесно тело, а од агенцијата велат дека следната планирана дестинација е Марс.
Официјалното лице на НАСА, Џим Бриденштајн изјави дека е планирано прва на Марс да пристигне жената, додавајќи дека се уште нема конкретни планови за мисија на оваа планета, бидејќи Месечината е приоритет, но дека првата мисија на Црвената планета би можела да се случи по 2030. година. НАСА сè уште не објавила ни која ќе биде првата жена на Месечината, но се очекува до Земјиниот сателит да пристигне во 2024 година.
Следното слетување на Месечината е дел од програмата на НАСА „Артемис“, која би требало да претходи на утврдувањето на постојано човечко присуство на и околу Месечината, што според некои експерти е еден чекор поблиску кон Марс
Поврзани артикли