Јапонскиот производител Toyota претстави електричен автомобил дизајниран за градски услови.

Овој ултра-компактен EV модел е двосед, долг само 2.490 милиметри, а првенствено е наменет за постари и почетници возачи.

Малата Toyota е 205 mm пократка од Smart ForTwo, што ја прави идеална за урбана џунгла, особено за големите градови преоптоварени со сообраќај и минимален простор за паркирање.

Автомобилот е дизајниран така што лесно може да се трансформира од превозно средство во канцеларија или простор за релаксирање. Има две верзии, а втората е првенствено фокусирана на деловните потреби.

Останатите техничките детали не се откроиени, освен тоа дека батеријата ќе може да складира доволно енергија за околу 100 километри автономија.

Максималната брзина ќе биде 60 km/h, што значи дека нема да може да се употребува никаде освен во градовите.