Информациите за Motorola RAZR 2019 телефонот со преклопен екран се појавуваат веќе некое време, и се чини дека уредот конечно би можел да биде претставен на 13. ноември.
Motorola почна со испраќање покани за настанот, што ќе се одржи на споменатиот датум во Лос Анџелес. Поканата вклучува GIF, кој ја прикажува шарката на стариот RAZR телефон, како и што би можело да биде шарка за новиот, преклопен RAZR модел.
Поканата, исто така, ја вклучува и фразата “You’re going to flip” и истакнува дека настанот на 13/ ноември ќе вклучува презентација на долгоочекуваниот редизајниран култен уред на Motorola.
Motorola не обелодени многу во врска со флексибилниот RAZR модел, но од протечените рендери имаме идеја за тоа како ќе изгледа телефонот. Се очекуваат два дисплеја, Snapdragon 710 чипсет, 4GB/64GB и 6 GB/128 GB комбинации за RAM и простор за складирање и батерија од 2730mAh.
Гласините сугерираат дека RAZR 2019 ќе чини 1.500 долари, а повеќе детали ќе дознаеме следниот месец.