Intel брзo реагираше на претходните извештаи, кои сугерираа дека компанијата планира да престане со производство на 10 нанометарски десктоп процесори. Компанијата објасни дека овие процесори сè уште се дел од плановите на Intel.
„Продолжуваме да го унапредуваме развојот на 10nm архитектура, а нашиот сегашен roadmap на 10nm производи вклучува и десктоп системи“, соопшти Intel. Претходните извештаи сугерираа дека Intel ќе продолжи да ја користи 14nm микроархитектура до 2022 година, а процесот на производство тогаш би бил стар седум години.
Tom’s Hardware известува дека 14-нанометарскиот процес ќе продолжи да биде актуелен барем до 2021 година, ако не и до 2022, како што сугерираше извештајот на HardwareLuxx . Intel во текот на 2020. година ќе го продава Comet Lake, по кој стигнува Rocket Lake. Кон крајот на 2021 година, Intel ќе објави десктоп процесори засновани на својот 10nm ++ процес на производство, за во текот на 2022. година конечно да бидат објавени првите 7nm процесори.