И покрај тоа што iOS 13 журирањето покажуваше одредени грешки во првите неколку недели, новата верзија на оперативниот систем ја преземаа голем број корисници, па според извештаите, дури 50% од iPhone уредите ја имаат новата верзија, што е само 26 дена по лансирањето.

Иако се работи за успех, iOS 13 сепак се усвојува со побавно темпо од iOS 12, кој до 50% стигна за 23 дена. Од сите iPhone моделии кои влегуваат во App Store, 41% користат iOS 12, а само 9% ги користат претходните iOS верзии, додека остатокот е резервиран за новиот iOS 13. Кога станува збор за уредите што се произведени во последните четири години, овој сооднос е малку поразличен, па 38% користат iOS 12 и само 7% постари верзија. Иако iOS 13 се усвојува нешто побавно од ланската верзија, Apple сè уште е далеку пред Google, а благодарение на интеграцијата на хардверот и софтверот, која што на Android се уште не е на тоа ниво.

Apple и покрај ситните компликации постигна успех, а експертите посочуваат дека тоа е затоа што ажурирањата на смартфоните претставуваат низок ризик. Ова не е случај со оперативните системи кај компјутерите, каде грешките можат значително можат да ги загрозат корисниците, и да ги спречат да го извршуваат она за што им служат компјутерите.