Facebook препорачал илјадници следбеници на ИСИС едни кон други низ опцијата “предложи пријател”, откриено е во студијата која ја спроведе американската непрофитна организација Counter Extremism Project (CEP).

Опцијата е направена за да ги спои истомислениците на Facebook, а базирана е на нивните заеднички интереси. Меѓутоа, активно им помогна на терористите да изградат своја мрежа, се тврди во студијата која ќе биде објавена во овој месец.

CEP ги анализираше онлајн профилите на мноштвото следбеници на ИСИС од 96 земји. Дознаа дека радикалците најчесто биле нудени едни кон други преку опцијата “предложи пријател”, а откако би прифатиле, би добиле уште десетина предлози.

“Facebook во својата желба да спои што е можно повеќе луѓи направи систем кој помага во спојување на екстремисти и терористи, изјави Роберт Постингс од CEP.