Redmi K20 линијата, или Mi 9T во зависност од регионот, е меѓу најпопуларните телефони под брендот Redmi. Сега го имаме првиот увид во следната генерација уреди од Redmi K серијата. Во текот на презентацијата на Redmi 8 моделот во Кина, генералниот директор на компанијата, Lu Weibing откри ран преглед на Redmi K30.
Покрај поддршката за 5G, телефонот ќе има и punch-hole дисплеј. Објавен е и тизер за уредот, а дизајнот се чини дека е сличен на Samsung Galaxy S10+, со две камери во горниот десен агол.
Кога станува збор за мрежите од следната генерација, се очекува dual 5G поддршка. Ова значи дека телефонот ќе работи и со SA (Standalone mode) и со NSA (non-standalone) мрежи, каде што NSA и натаму се потпира на постоечката LTE инфраструктура за некои задачи.
Кога станува збор за цената, Weibing спомена дека Redmi K30 нема да биде најдостапниот 5G телефон, но и натаму ќе ја следи филозофијата на брендот Redmi, кога станува збор за односот цена-понуда. Според гласините, се очекува дека Redmi K30 ќе го користи чипсетот Qualcomm 7250, кој поддржува dual-mode 5G.