По објавувањето на лаптопот Pixelbook Go, веројатно постојат и оние кои сакаат посебна тастатура и глувче со уредот. Logitech им помага на корисниците при оваа одлука, и ги претставува своите први периферни уреди креирани за уредите на Google – M355 Portable Wireless Mouse и K580 Slim Multi-Device Wireless Keyboard, Chrome OS Edition.
K580 тастатурата е главниот модел во понудата, а ја карактеризира ред кратенки за Chrome OS, како и нативниот Google Assistant за гласовни упатства. Тука е и вградениот слот, каде е можно да се смести Pixel телефонот (или кој било друг телефон). Тастатурата гарантира максимум од три години работен век на батеријата.
Глувчето M355 има основни копчиња, гумено тркалце за скролање и опција за користење Bluetooth или Logitech USB приемник. Глувчето на батеријата трае до 18 месеци.
И двата уреди се достапни во продажба, по цени од 50 долари за тастатурата K580 и 30 долари за глувчето M355.