Google воведе нови правила со кои забранува било какви олеснувања при продажбата и купувањето на марихуана преку неговите апликации, без оглед на тоа дали е тоа легално или не.

Компанијата вели дека не пробува во целост да ги блокира компаниите кои пружаат услуги врзани за марихуаната на Google Play, туку сака да ги усогласи нивните апликации со новите правила.

Порталот Android Police шпекулира дека новите правила би можеле да ги загрозат популарните апликации за пронаоѓање марихуана Eaze и Weedmaps.

Сепак, Android апликациите и натаму можат да ја промовираат марихуаната, но не им е дозволено да ја понудат функцијата на корпа за купување во апликацијата, која им помага во организирањето испораки или преземање на марихуана, без оглед на тоа дали е таа легална во одредена држава или не. Со други зборови, забрането е да се продава марихуана преку апликациите на Google.

“Овие апликации едноставно треба да ја отстранат својата корпа, за да бидат во согласност со оваа нова политика. Ние сме во контакт со многу програмери и работите со нив за да одговориме на сите технички прашања и да им помогнеме да ги имплементираат промените без нарушување на клиентот”, истакна портпаролот на Google за The Verge.

Инаку, App Store на Apple веќе одамна забранува било какви олеснувања при продажба на марихуана, цигари, алкохол и други супстанци.