Реализирај ја твојата бизнис идеја за само 54 часа на Startup Weekend Skopje

Стартап Викенд Скопје 2019 ќе се одржи во Инофеит, на викендот од 29 ноември до 1 декември

Дали имаш бизнис идеја со голем потенцијал за успех? Или смислен проект, но никогаш не си имал време и тим за да го реализираш? Startup Weekend Skopje е местото на кое може да го направиш токму тоа.

Како учесник, за само 52 часа, ќе можеш да најдеш истомисленици со кои ќе оформиш тим, и заедно ќе ја реализирате и тестирате идејата. Ќе имате и можност да слушнете мислење од искусни професионалци, а најдобрите идеи, ќе освојат вредни награди.

Стартап Викенд Скопје 2019 ќе се одржи во Инофеит, на викендот од 29 ноември до 1 декември. Секој може да учествува на Startup Weekend Skopje, но има само 50 слободни места и треба да бидеш брз за да го обезбедиш твоето.

Многу големи компании почнале токму вака, на Startup Weekend. И ти можеш да го започнеш твојот стартап бизнис во било која област, исто како нив. Единствениот услов е идејата да биде нова, односно не нешто на кое си работел претходно.

Време да и дадеш можност на твојата идеја да стане реалност! Подготви се за викенд со многу работа, дружење, учење и забава, и сам или со тим, обезбеди го твоето место додека картите се достапни по промотивна цена тука.