Microsoft ја најави поддршката за позадинско замаглување за Teams минатиот септември, кога новата функција ја претстави и за платформата Office 365. Функцијата работи така што ги издвојува субјектите од позадината и го става во фокус лицето пред екранот. Се уште еден сервис на Microsoft ќе ја добие истата функција.

Skype за десктоп и лаптоп компјутерите ќе ја поддржува опцијата на замаглување на позадината, за моментите кога ова ќе биде потребно. Меѓутоа, Microsoft истакнува дека иако се труди да осигура замаглена позадина, не постојат гаранции дека тоа секогаш ќе биде достапно.

Skype за позадинското замаглување ја користи истата AI технологија, каква што ја има Microsoft Teams за детектирање човечки форми. Дополнително, функцијата пробува да постигне замаглување на нормалниот изглед, така што ги идентификува косата и рацете на лицето, за да креира мазна фигура на личноста во текот на видео повикот.

За да се вклучи функцијата, потребно е со глувчето да се премине преку видео копчето за да се појави опцијата. Потербно е да се истакне дека функцијата воглавно се потпира на софтвер, така што постои можност замаглувањето да не изгледа природно во некои случаи.