Американскиот технолошки гигант се чини дека многу подобро го крие името на претстојниот софтвер отколку карактеристиките на своите (ненајавени) паметни телефони.
Во случај едвај да го очекувавте официјалното објавување на името на новиот оперативен систем на Google, следува разочарување – Google новиот Android го нарече само – Android 11. Искрено, не сме изненадени.
Android 10 беше првата верзија на Андроид, која имаше број наместо име на бонбона, па донекаде беше очекувано Google да ја продолжи традицијата со Android 11. Официјалното име на новиот оперативен систем беше потврдено на прилично неконвенционален начин – преку име на панел во рамките на официјалната апликација на Android Dev Summit 2019.
Според изворниот текст објавен на 9to5Google, Google веројатно нема да се прибегне кон употреба на тајно име за Android 11, бидејќи овој пат не го ни криеше зад тајното име. Ако ништо друго, оваа година многу подобро го криеја името на новиот Android, отколку што тоа им појде од рака во случај на функциите и фотографиите на новите Pixel 4 смартфони.
Поврзани артикли