Откако неодамна го подлегна Samsung Galaxy Fold на својот карактеристичен тест за издржливост, Зак од YouTube каналот JerryRig го подели истиот уред на делови. Неговата цел беше да види дали е можно успешно да се одвои едната страна од телефонот и да се користи нормално.
Отстранувањето на надворешниот дисплеј на уредот открива две телефонски табли. Исто така, постојат две батерии (2100mAh и 2135mAh) кои ги напојуваат камерите и екраните.
По отстранувањето на двете главни плочи и помалите таблички, откриено е дека приклучокот за полнење се наоѓа на спротивната половина од надворешниот екран на Galaxy Fold, така што би било невозможно да се користи само една половина од телефонот на дневна основа.
Исто така, по отстранувањето на пластичната рамка околу и во внатрешноста на дисплејот, флексибилниот екран практично се одлепува од рамката на телефонот како хартија, а можно е да се види колку навистина е тенок и чувствителен дисплејот.