Американските кoрисници на Samsung Pay сега можат да испраќаат пари во странство и да се регистрираат за виртуелна Mastercard дебитна картичка.

Samsung се здружи со лондонската компанија Finablr во врска со функцијата за трансфер на пари, која им овозможува на американските корисници да испраќаат средства во 47 земји преку различни начини на плаќање со Samsung Pay апликацијата.

„Нашите потрошувачи се глобални, а имаат пријатели и роднини ширум светот. Samsung е возбуден што им овозможува на корисниците да испраќаат пари од САД во остатокот од светот правејќи го на едноставен, безбеден и транспарентен начин“, вели Санг В Ан, менаџер за содржини и услуги во Samsung Electronics America.

Во меѓувреме Samsung се здружи со Mastercard и Netspend на Samsung Pay Cash, виртуелна картичка која им овозможува на купувачите во САД да бараат, испраќаат или додаваат пари преку било која друга картичка во Samsung Pay. Картичката потоа може да се користи секаде каде што е прифатена Mastercard.