Со гала-свеченост, пред околу 750 гости во хотел „Александар палас“, „Анхоч“ синоќа одбележа 25 години успешна работа. Во пријатен амбиент, заедно со голем број клиенти, соработници, деловни партнери и вработени, „Анхоч“ го прослави 25-годишниот јубилеј.
За отворањето на настанот и официјалниот дел се погрижи тим од Македонската филхармонија, додека за добрата забава задолжен беше бендот на Петар Ренџов. Дополнително атмосферата ја загреаја Јасмин Лопез и Онел од Куба, како и диџеј Ерик Фокс. За неповторлив хумор на настанот се погрижи Сашко Коцев, кој на свој оригинален начин делеше насмевки кај присутните.
„Анхоч“ е моментално најголемата македонска ИТ-компанија, со најголем избор на лаптопи, таблети, смартфони и друга ИТ-опрема, присутен на 15 продажни локации со 140 вработени во повеќе градови низ Македонија. До крајот на годината „Анхоч“ најавува отворање на два нови салони, во Скопје – Чаир и Куманово, како и релокација на еден од постоечките во поголем премиум салон на атрактивна локација во Скопје.
Патот кон успехот го почнува во 1994 година со производство, продажба и одржување компјутерски системи и ИТ-опрема со соодветна техничка поддршка.
Во услови на силна конкуренција „Анхоч“ успева да се наметне кај потрошувачите на локалниот пазар и полека се проширува и на национално ниво. Остварува соработка со повеќе локални фирми од другите градови и зочнува со продажба на своите производи низ целата држава.
„Анхоч“ во 2003 година го отвора првиот специјализиран ИТ-продажен салон во Скопје, првиот ПЦ-маркет во ГТЦ со кој овозможува поголема достапност на продуктите до потрошувачите.
Во 2010 година на македонскиот пазар ја отвора првата комплетно функционална ИТ-интернет продавница под името www.pcmarket.mk.
На нашиот пазар „Анхоч“ е познат и по своите брендирани конфигурации Анхоч алтеа и Анхоч голијат, кои единствени од Македонија го имаат добиено престижниот сертификат на Microsoft.
Успешната приказна на „Анхоч“ се темели на континуираната посветеност на квалитетот и задоволството на потрошувачите за конкурентна цена. Потрошувачот кој ќе им се обрати е сигурен дека ќе добие квалитетен производ за компетентна цена, придружен со одлична техничка поддршка.
Поврзани артикли