Поевтин Galaxy Note10 пристигнува во Европа во црна и црвена боја

Минатиот месец се појавија информации дека Samsung работи на подостапен Galaxy Note10 модел. Телефонот ја носи ознаката SM-N770F и откриен е од сајтот SamMobile.

Смартфонот, според наводите, ќе пристигне во црна и црвена боја, но засега се уште нема конкретни информации за спецификациите и точните цени.

Со почетна цена од 900 долари, Galaxy Note10 секако не спаѓа во претерано достапните смартфони, така што верзијата со нешто послаби карактеристики и пониска цена сигурно би привлекло внимание на поголем број на корисници.