Две недели откако беше претставен Redmi 8A, сега го имаме и Redmi 8 телефонот. Овој модел нуди слични спецификации, но во стаклено куќиште, со новиот Aura Mirror дизајн на Xiaomi, втора камера на задната страна и повеќе опции за RAM и складирање.

Од предната страна на Redmi 8 моделот се наоѓа 6.22-инчен HD+ IPS LCD дисплеј со засек за 8MP F/2.0 селфи камера. На задната страна има нов систем со две камери, кои го сочинуваат главниот 12MP F/1.8 Sony IMX 363 сензор и 2MP сензор за длабочина. Телефонот има AI детекција на сцени, со 33 профили. Присутен е и сензор за отпечатоци од прст, кој е сместен под камерата.

Телефонот го покренува Snapdragon 439 чипсет, во комбинација со до 4GB RAM и 64GB простор за складирање. Батеријата има капацитет од 5000 mAh и поддржува брзо полнење до 18W. Останатите карактеристики се FM радио, 3,5 мм приклучок за слушалки, IR бластер и P2i заштита од прскање со вода.

Redmi 8 пристигнува во Sapphire Blue, Onyx Black и Ruby Red бои, по цена од околу 112 долари за 3/32GB модел и околу 126 долари за 4/64GB варијанта. Смартфонот е достапен и во Украина, по цена од околу 181 долари за модел со повеќе RAM и простор за складирање.