Google има навика да воведува новитети за први април кои траат и откако ќе помине Денот на шегата, а тоа не се менува ни во 2019. година. Компанијата ја додаде легендарната Nokia игра, Snake (прв пат претставена на Nokia 6110 во 1997. година) на Google Maps, каде ќе можете да ја играте класиакта меѓу игрите, а за оваа прилика тематски е сместена околу големите градови.

Постојат шест градови кои можете да ги изберете: Каиро, Сао Паоло, Лондон, Сиднеј, Сан Франциско и Токио. Ќе играте како двокатен автобус кој ги лови патниците во Лондон, или како трол во Сан Франциско или приградски воз во Токио. Исто така, можете да изберете светска мапа, ако повеќе би сакале да собирате патници на планетарно ниво.

Змијата ќе биде достапна само преку менијата во Google Maps Android и iOS апликациите во траење од околу една недела. Меѓутоа, нема да останете без неа ни по истекот на овој рок. Google, исто така, креираше наменска веб-страница, која ќе ја понуди играта на десктоп и мобилен телефон, откако ќе помине почетната заинтересираност.