Уредот кој треба да го олесни животот на возачите во текот на зимата се полни на обичен домашен приклучок за струја
Крај за мачното стругање на мразот од стаклата во зима. Крај за замрзнатите прсти. Електричната стругалка Kärcher EDI 4 поминува самостојно низ тврдите слоеви на снег и мраз.
Рацете на сопственикот не треба да бидат влажни или ладни. Според Kärcher, заоблениот горен дел на компактниот уред нуди голема површина за безбедно работење. Старото е автоматски. Кога ќе се подигне уредот со тежина од 550 грама од површината, запира со работа.
Литиум-јонската батерија не се празни брзо. Така EDI 4 може да се остави во автомобилот подолго време, а сепак да биде подготвен за употреба. Полнењето на батеријата може да се изврши во домашни услови со приклучен кабел во стандардна приклучница, а со целосно наполенти батерии, уредот може да работи 15 минути. Ова треба да биде доволно за повторна употреба, бидејќи ослободувањето од мразот не трае повеќе од 2-3 минути.
Цената за EDI 4 е 50 Евра.
Извор: Додај Гас