Во светот на бизнисот и кративноста има неколку ограничувања и тоа не зависи од самите луѓе, туку од динамиката на современото живеење. Ние сме во постојана поврзаност, со нашите пријатели, најблиски, со нашите обврски насекаде околу нас. Тоа се многу информации кои ги примаме во секоја секунда и кои ни ги окупираат мислите. Сепак, помеѓу нив доаѓаат тие „Еурека“ моменти и во тој миг се наоѓаме во позиција кога не можеме да ги забележиме и затоа многу често знаеме да ги изгубиме. Еден од спасителите на овој предизвик ни е Note10 серијата на Samsung која ги преместува тие граници за корисниците да може да ги надминат ограничувањата на нивното секојдневие.
Овие паметни телефони на Samsung за прв пат се достапни во две големини, 6,3 и 6,8 инчи. Во самиот Cinematic Infinity Display се воочува оваа филозофија на Samsung да не ги ограничува своите корисници и да им овозможи врвно искуство. Екранот се простира од раб до раб и e скоро без рамки, додека исечокот за предната камера е толку мал и центриран што има совршено балансиран дизајн.
Самиот дизајн на Note10 е надополнет со феноменални карактеристики како можноста рачните белешки од S Pen да се претворат во дигитален текст. Камерите на Note10+ 5G добија и престижно признание од DxOMark. Воедно, самиот уред им овозможува на корисниците да снимаат видео на професионално ниво без притоа да носат со себе дополнителна опрема.
Фановите на Note ги користат своите телефони скоро за сѐ, не само за надминување на своите ограничувања, туку и за остварување на големи проекти. За да им помогне да направат сè, Galaxy Note10 е опремен со врвен хардвер и најнапредни функции како супер брзо полнење, Wireless PowerShare, Samsung DeX за PC и линк со Windows.
Како што може да се воочи и од иновациите инвестирани во Note10, грижата за корисниците и нивните потреби е сржта на мисијата и визијата на Samsung од самиот почеток пред 50 години, од 1969. Токму затоа компанијата одлучи да го прослави јубилејот во Македонија донирајќи ја сопствената врвна технологија и производи на тие со најголеми потреби со цел да ги олесни нивните животи и да ги направи повеќе функционални. Вработените од компанијата ќе учествуваат во неколку серии на волонтерски активности давајќи свој придонес за општеството.
Како додаток на овие CSR активности од општествена одговорност, компанијата одлучи да ја одбележи својата годишнина со одлични понуди за своите корисници. За додатни информации за промоцијата посетете ја https://www.samsung.com/mk/offer/