Германска компанија која работи за германската армија тврди дека развила радар кој може да ги следи невидливите „стелт“ авиони F-35 Joint Strike Fighter.
Германската компанија Hensoldt тврди дека со својот нов радар ги следела американските борбени авиони од петта генерација околу 150 километри, но тоа за среќа на Американците, се уште не значи дека сите би можеле лесно да ги следат овие авиони чија што цена за еден примерок изнесува 92 милиони долари.
Традиционалните радари емитуваат радио бранови кои потоа ги проучуваат откако тие ќе се одбијат од некој објект во воздух. Тоа му овозможува на операторот на радарот да мери специфични податоци за тој објект – висината на која се наоѓа, брзината и насоката во кој се движи.
Стелт авионите како американскиот “F-35” или кинескиот “J-20” се многу внимателно дизајнирани и обликувани, па нивната површина ги минимализира повратните информации кои радарот ги бележи од испратените радио бранови, што значи дека се намалува способноста на радарите да ги откријат во воздух.
Во пракса американските „стелт“ авиони се покажаа како доста ефикасни во избегнувањето на против-воздушната одбрана, а САД во развојот на оваа технологија има вложено милијарди долари и тоа е нивната главна предност во однос на конкуренцијата (Кина и Русија) која заостанува со години и дури сега започнува да ги произведува „стелт“ авионите.
Но, сега се случува пресврт со оглед на тоа што германската компанија Hensoldt разви и тестираше пасивен радарски систем наречен “Twlnvis”. Тој систем ја проучува електромагнетската емисија во атмосферата, сигналите на радио станиците, ТВ сигналите, репетиторите, комерцијалните радари слично. Системот ги открива објектите во воздухот анализирајќи како објектот крстари низ тој „дожд од сигнали“.
Компанијата Hensoldt својот прв ваков радарски систем го претставиле на саем во Берлин каде што пристигнале два “F-35” авиони. Но со оглед на тоа што авионите не полетале, од Hensoldt преместиле еден од радарите подалеку од аеродромот, па кога “F-35” авионите конечно полетале по завршувањето на саемот, радарот го фатил нивниот лет и ги следел дури 150 километри.
Засега се чини дека Twlnvis може да се употреби како систем за рано предупредување кој би ја предупредил против-воздушната одбрана на приближување на „стелт“ авиони. Системот се уште не е доволно софистициран за да служи и за наведување на ракетите, но наводно може да даде доволно информации за против-воздушната одбрана да употреби топлински наведувани ракети како “AIM-9X Sidewinder”.
Но, американското искуство е нешто сосема друго, посебно кога станува збор за авијацијата. Имено, германскиот радар можел да ги открие “F-35” авионите така што го фатил “ADS-B” сигналот затоа што знаел дека авионите се во близин. Во едно борбено сценарио, овие фактори не постојат, емитувањето на сигналите “ADS-B” би било исклучено и никој не би знаел од кој правец би долетале авионите кои би летале со околу 1900 км/ч.
Исто така, со оглед на тоа што Twlnvis зависи од радиските сигнали на цивилните емитери, нападот на таквите емитери на кибернетички или „класичен“ начин ќе го намали „дождот на сигнали“ низ кој „стелт“ авионите летаат, па така ќе биде исклучително тешко радарот да ги пронајде.
Но, сепак, Германците се најблиску до создавање на радар кој би ги открил „стелт“ авионите, а во комбинација со други радарски системи, сигурно во иднина сето тоа би било поефикасно. Секако, не смее да се занемари тоа што радарот ги следел авионите 150 километри, па во иднина можеме да очекуваме и бројни унапредувања кои ќе го направат ефикасни.
Извор: Zimo.hr / Popular Mechanics