Според наводите на медиумите од Јапонија, Sony во подготовка го има својот следен премиум телефон, кој ќе имплементира наследник на Snapdragon 855 и 855+ чиповите. Првиот доказ за овој чипсет се појави во дистрибуцискиот сервер за фирмверот на компанијата Sony.
Чипсетот има интерен број на моделот SM8250, а се верува дека во прашање е Snapdragon 865. Постојат и гласини за тоа дека чипсетот би можел да пристигне во две варијанти – со интегриран 5G модем и варијанта со 4G конекција.
За Qualcomm би имало смисол да ги објави двете верзии на својот следен премиум чипсет, бидејќи 5G технологијата се уште е свежа на пазарот и не сакаат сите производители да вложуваат дополнителни средства, за да ја имплементираат во своите уреди.
Засега не е познато дали Sony планира својот следен премиум телефон да го понуди во двете варијанти. Телефонот би можел да биде претставен во текот на наредниот Mobile World Congress во Барселона.
Поврзани артикли