Моментно многу Android корисници имаат проблем со брзо трошење на батеријата, а излезе дека виновникот за ова е грешката која Google ја има направено со последното ажурирање на апликацијата Google Play Services.
Проблемот е во самата апликација, а Google е свесен за грешката и работи на отстранување на „багот” кој неприродно брзо ја троши батеријата.
Во подесувањата за батеријата, односно во менаџерот на оваа „функција” на телефонот, може да се види јасно колку Google Play Services влијае на автономијата на батеријата.
Како да го спречите ова?
Mожете да ја инсталирате постарата верзија на Google Play Services. Друга опција е да чекате понова верзија со исправена грешка, на која Google работи во моментов.