Од Honor сметаат дека паметните телефони наменети првенствено за гејмерите се незапирлив тренд на пазарот на паметни телефони и токму еден ваков уред ќе биде во центарот на нивните истражувања и развој.

Паметните телефони се најпопуларната платформа за видео игри – сите имаат паметни телефони, а на онлајн продавниците има милиони бесплатни видео игри, па гејмерите веќе и немаат потреба да купуваат посебени портабл гејминг геџети како во минатото. Дека игрите на мобилните телефони стануваат се попопуларни, тоа го препознаа и мобилните компании кои што во текот на минатата година пласираа неколку гејминг паметни телефони.

Последниот во низа беше гејмерскиот телефон на Asus – Republic of Gamers претставен во јуни, кој што е опремен со Snapdragon 845 процесор и 8 GB RAM меморија, а пред Asus, такви телефони претставија и компаниите Razer и Xiaomi.

Минатиот месец, телефон наменет за љубителите на видео игрите претстави и Honor, но телефонот е наменет само за азискиот пазар. Но, со оглед на тоа што во оваа компанија сметаат дека гејминг паметните телефони се несопирлив тренд, најавија дека Honor наскоро ќе се сконцентрира на развој на ваквите телефони.

Honor Play има намера да го освои пазарот со комбинацијата на пристапна цена од 300 долари, одличен хардвер и технологијата GPU Turbo развиена од Huawei.

Според компанијата, ова е само првиот од низата на гејминг телефоните кои што Honor ќе ги претстави во блиска иднина.

Извор: Zimo.hr