Понекогаш е подобро да се има Android телефон
WhatsApp има посебна функција под името Delete for everyone и која е дизајнирана да ви дозволи да го избришете текстот и фајловите кои сте ги испратиле по грешка.
Меѓутоа, се испостави дека таа не работи баш како што треба и дека на крајот можат да останат траги од вашите пораки, со оглед на разликите во работата на апликацијата на iPhone и Android.
Истражувачот Шитеш Сачан забележа дека дури и по нивното бришење, медиските фајлови кои се испратени во групните четови на WhatsApp остануваат на iPhone уредите.
Да разјасниме, иако избришаните пораки кои имаат медиа фајлови не се видливи во WhatsApp, тие им се достапни на сите iPhone корисници, кои ја активирале Save to Camera Roll опцијата.
Само за споредба, оваа функција работи сосема поинаку на Android. Еднаш кога корисникот ќе ги избрише фајловите, тие се бришат и од галеријата на телефонот.
Од WhatsApp на сите корисници на iPhone им порачаа дека оваа функција е присутна за да ги брише пораките и дека нема гаранции дека медиските фајлови во рамки на апликацијата ќе исчезнат, бидејќи се се врти само околу (не)постоењето на пораката во рамките на апликацијата.
Со други зборови, за компанијата е важно пораката повеќе да не е видлива, без оглед што е нејзината содржина.