Google отстрани две Android апликации од својата Google Play продавница затоа што тие правеле пари за своите креатори така што во позадина пуштале pop-up реклами.
Иако ова може за некоj да изгледа безопасно, апликациите со објавување реклами без знаење на сопственикот на телефонот одземале вредни ресурси на смартфоните и побрзо ја празнеле батеријата.
Во прашање се апликации под името Sun Pro Beauty Camera (која е преземена над милион пати) и Funny Sweet Beauty Selfie Camera (која е преземена над половина милион пати).
Ако имате инсталирано било која од овие две апликации на вашиот Android телефон, потребно е веднаш да ги деинсталирате.
Како што е случај со малициозни апликации, кога ќе ги инсталирате, нивната икона исчезнува од вашиот телефон и се појавува кратенка. Дури и кога ќе ја избришете оваа кратенка, апликацијата продолжува да пушта реклами во позадина, дури и кога не е отворена.
Извор: Dnevno.rs