Оваа среда ќе биде означен официјалниот старт на Women in Tech Macedonia – локално поглавје на глобалното движење Women in Tech® во Македонија.

Тимот на Women in Tech со задоволство го најавува свеченото отворање во соработка со Adeva, Slice, Cosmic Development, Women TechMakers и Symphony.

Официјалното отворање на Women in Tech Macedonia ќе се оддржи во новиот инкубатор “StartUp Club Skopje” со почеток од 17:30ч. На настанот ќе бидат присутни преставници од Unicef, Microsoft како и панел гости говорници претставници од бизнис, стартап и едукaцискиот сектор. Панел дускусијата ќе заврши со извлекување на целосна стипендија за Компјутерски мрежи во износ од 3000 евра од Seavus Едукативен и развоен центар, “Google mini home” од Google Developers group Skopje и пет ваучери од 100 евра за обуки од Brainster. Настанот ќе заврши со коктел дружба за мрежно поврзување.
Како меѓународна непрофитна организација, Women in Tech има двојна мисија – да ја намали половата разлика и да помогне на жените во изучувањето на технологијата. Организацијата се фокусира на четири примарни области кои што се повик за акција: Едукација, Претприемништво, Настани и Истражување. Целта е да се едуцираат, екипираат и поддржат жените и девојките да учат и да ги подобрат своите технички вештини за да успеат во STEM кариерни области.

Повеќе за иницијативата тука.