Amazon, најголемата онлајн продавница во светот, објави дека “Црниот петок” и “Сајбер понеделникот” (Black Friday и Cyber Monday) станаа најголеми трговски денови во историјата на компанијата.

Amazon вели дека овогодинешниот “Сајбер понеделник”, првиот понеделник по “Црниот петок” – е денот кога се извршија најголем број на онлајн купувања, и стана најголемиот шопинг ден во историјата.

Компанијата соопшти дека оваа година тие направија најголем број нарачки во еден ден ширум светот.

Извршниот директор на Amazon, Џеф Вилк, рече дека “Црн петок и Сајбер понеделник” од година во година продолжуваат да рушат рекорди на оваа платформа “, што говори дека потрошувачите сакаат да купуваат во празничната сезона”.