Sony одлучи својата Crystal LED дисплеј технологија да ја направи достапна и за потрошувачката публика, овозможувајќи им да креираат големи, модуларни екрани со резолуција до 16K.
Системот е дизајниран со помош на MicroLED панели, со големина 16 х 18 инчи и нуди резолуција од 360 х 360, пиксел осветлување од 1000 нита, нивоа на црна површина од 99 проценти, поддршка за 10-битни бои и покриеност од 140 проценти sRGB спектар на бои. Екраните исто така поддржуваат освежување од 120 херци.
Секој MicroLED панел наводно чини околу 10.000 долари, што доведува до тоа 1080p, 110-инчниот систем да има цена од околу 180.000 долари, 4K 220-инчниот систем чини околу 720.000 долари, додека 16К 790-инчниот систем чини околу 5,76 милиони долари.
Со ваква цена, Sony Crystal LED TV системите се јасно наменети ексклузивно за пазарот на мулти-милионерите, оние кои сакаат кино на својата јахта или слично опкружување. Досега, оваа технологија на екранот исклучиво им беше достапна на бизнис корисниците.