На саемот за потрошувачка електроника IFA 2018 во Берлин, Sony претстави дел од своите најнови производи – безжични слушалки WH-1000XM3 и спортски слушалки WF-SP900, аудиофилскиот музички плеер DMP-Z1, слушалките IER-Z1R, слушалките IER-M9 и IER-M7, две нови серии BRAVIA телевизори, уреди со гласовни команди, смартфонот Xperia XZ3, две нови CyberShot камери, паметен часовник со e-ink екрани, и кученцето-робот Aibo.

Еве повеќе детали за производите:

WH-1000XM3 и WF-SP900

Овој нов модел има значителни подобрувања во бучавата, благодарение на ново развиениот HD Noise Canceling процесор QN1. Тој изолира не само ниска фреквенција звуци, но и средните до високи фреквенции, како бучавата од улица или човечкиот глас. Слушалките имаат вграден висококвалитетен засилувач.

Sony ги покажа и спортските слушалки WF-SP900 кои се отпорни на вода и прав и располагаат со вградена меморија, овозможувајќи да слушате музика и без смартфон.

DMP-Z1 и повеќе слушалки

Серијата Signature претставува кулминација на Sony технологијата за квалитетен звук. Во оваа категорија Sony го додава дигиталниот музички плеер DMP-Z1 и слушалките IER-Z1R. Плеерот DMP-Z1 користи аналоген засилувач со висока излезна моќност и единствен независен систем за напојување, а слушалките IER-Z1R имаат фреквентен одзив до 100 kHz.

На почетокот на оваа есен, Sony ќе ги претстави и слушалките IER-M9 и IER-M7 кои обезбедуваат квалитет на звукот, звучна изолација и стабилно се вклопуваат за настапи во живо.

Телевизори

Во ТВ категоријата Sony го најави пуштањето во Европа од септември на MASTER серијата BRAVIA® телевизори. Новите AF9 4K OLED и ZF9 4K LCD телевизори се опремени со Picture Processor X1 Ultimate, кој располага со приближно два пати повеќе можности за обработка на сликата во реално време.

Серијата AF9 е опремена со Pixel Contrast Booster за прецизна репродукција на слики со длабоки црни бои и висока осветленост. Напредната аудио технологија Acoustic Surface Audio + се карактеризира со дополнителен звучен извор, како и режим TV Center Speaker кој емитува звук од центарот на екранот.

Уреди со гласовни команди

Sony ќе претстави уште интелегентен звучник од серијата EXTRA BASS ™ SRS-XB501G со вграден Google Assistant; HT-ZF9 колона, компатибилна со Amazon Alexa и други. Детали за овие производи сè уште не се објавени.

Дигитални слики

DSC-HX99 и DSC-HX95 се двата најнови модели од серијата Cyber-shot, кои ќе се нудат на пазарот во Европа од октомври. Тие се компактни, со објективи ZEISS® Vario-Sonnar T * 24-720 мм*10 со големо оптичко зумирање. Тие нудат широк спектар на снимање – од широкоаголни до супер-телефото фотографии.

Во прилог на можноста за снимање на видео со висока резолуција 4K*11, најновиот систем на Sony за обработка на слики овозможува сериски слики со до 10 кадри во секунда и Fast Intelligent AF (автофокус) технологија. Другите нови функции вклучуваат Eye AF, снимање во RAW формат, touch focus / touch shutter и геолокација преку Bluetooth.

FES Watch U

FES Watch U е роден од програмата на Sony Seed Acceleration Program (SAP), која започна проекти и ги поддржува нивните деловни активности. Тој ќе биде достапен за нарачка во Германија, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија од средината на септември. FES Watch U користи e-paper екрани на бирачот и ременот. Корисниците можат да се префрлаат меѓу нивните омилени дизајни со само едно копче.