Претходно оваа година, Samsung поднесе барање за патент за екран, кој може репродуцира холограм, кој сега е и одобрен. Патентот е објавен на 29. ноември и објаснува како 3D сликата може да се проектира на екранот. Патентите се поднесени до Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) и USPTO (United States Office of Patents and Trademarks)

Телефонот ќе користи унапреден оптички систем, кој ќе поддржува холографска проекција. Во патентот детално се објаснува како различните леќи се користат за проектирање на сликата. Тешко е да се предвиди кога паметниот телефон на Samsung со оваа технологија на екранот официјално ќе биде објавен. Иако патентот покажува конкретни докази дека Samsung може да направи технологија која ќе работи, пакувањето на оваа технологија во целосно функционален паметен телефон ќе потрае некое време.

Многу компании во минатото експериментираа со 3D Hologram дисплеите, но никој не успеа да го направи популарен. Претходно оваа година, Red го претстави својот Hydrogen One паметен телефон кој може да произведе 3D слика без потреба од користење на 3D очила. 3D сликите само се прикажуваат на екранот и не се проектираат во воздухот. Покрај ова, Microsoft прикажа неколку очила со MR (мешана реалност) наречени HoloLens.